Утре во 14 часот во меч од 9.коло во ПМФЛ, на Арената во Скопје, Вардар како домаќин игра против Струга ТЛ, против актуелниот шампион на Македонија. Ова значи дека сегашниот стратег на Вардар, Срѓан Захариевски, го дочекува својот некогашен тим каде беше на клупата цели 3,5 години и секако дека има и тоа како заслуги за првата шампионска титула на стружани, иако од овој клуб се раздели во февруари минатата година.
“Значаен меч за двете екипи. На гости ни доаѓа добро познат тим, шампион на Македонија, клуб со голем ростер и со многу квалитетни поединци, тим кој го респектираме. Вардар како домаќин со поддршка од публиката ќе стори се да го даде својот максимум, ќе се обиде да одигра најдобро што може. Само на тој начин, секако и со целосно исполнување на поставените задачи, ќе можеме да сметаме на позитивен резултат“ изјави за “СпортСпорт“, Срѓан Захариевски.