Куп на Македонија – 1/8 финале: Вардар дома го чека Тиквеш, Струга ТЛ против “лавовите“, дуел меѓу двете Шкендии!

462

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија.

Па така ждрепката сакаше на Вардар да му се падне Тиквеш, актуелниот освојувач на Купот. На овој меч Вардар е домаќин. Струга ТЛ се среќава со Македонија ЃП во реприза од финалето во 2023, додека ќе следиме дуел меѓу двете Шкендии.

Инаку натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија ќе се играат на 23 октомври со почеток од 14 часот.

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО

Брера – Беса

Вардар – Тиквеш

Гостивар – Брегалница

Пелистер – Детонит

Шкендија – Шкендија Арачиново

Струга ТЛ – Македонија ЃП

Силекс – Шкупи

Аресими – Воска

ПретходноИ Ерменците го објавија списокот за дуелот со Македонија!
СледноРаботнички денеска го слави својот 87-ми роденден!