Летонците го објавија списокот за Македонија, две третини се играчи од летонското првенство

85

Селекторот на фудбалската репрезентација на Летонија го објави списокот на фудбалери кои се повикани за октомвриските средби во Лигата на нации, од кои првиот на 10 октомври во Рига е против нашата фудбалска репрезентација. Летонците на 6 октомври в недела ќе го започнат октомврискиот камп.

Селекторот на Летонија, Паоло Николато повика 24 фудбалери за октомвриските дуели. Шеснаесет од нив се од клубови од летонското првенство, додека осум играат во странство.

Во септември, репрезентацијата на Летонија ја започна Лигата на нации со пораз од 1:4 во Ерменија и победа од 1:0 во Рига над Фарски Острови.

ПретходноОјарзабал гневен на навивачите на Андерлехт: Тие се идиоти! (ВИДЕО)
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ