Ојарзабал гневен на навивачите на Андерлехт: Тие се идиоти! (ВИДЕО)

137

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал го осуди однесувањето на навивачите на Андерлехт на мечот во Баскија, нарекувајќи го „идиотско“.

Навивачите на Андерлехт беа ужасно насилни на гостувањте кај Реал Сосиедад, кршејќи столчиња на трибините и фрлајќи ги кон домашните навивачи на Сосиедад. Според шпанските медиуми, осум гостински фанови биле уапсени од шпанската полиција.

„Осудувам такви работи. Тоа не смее да се случи. Луѓето си одат дома затоа што четворица идиоти фрлаат работи. УЕФА треба да направи чекор напред решавајќи ги ваквите настани, но тие не направија ништо. Ова е јасна порака до УЕФА. Мора да направат нешто“, вели Ојарзабал.

По натпреварот Андерлехт се извини за однесувањето на своите навивачи.

ПретходноТен Хаг бара „кредит“ до крајот на сезоната: Не ни судете сега, судете ни на крајот на сезоната
СледноЛетонците го објавија списокот за Македонија, две третини се играчи од летонското првенство