Сензационално: “Специјалниот“ се враќа во Премиер-лигата?!

1079

Иако Жозе Мурињо на клупата на Фенербахче е само четири месеци по се изгледа дека тој има намера да ја напушти Турција и да се врати во Премиер – лигата. Но не во Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем каде беше менаџер туку во Евертон. Оваа вест денеска ја лиферуваат медиумите во Турција и во Англија. Се потенцира дека Евертон веќе му испратил понуда на “Специјалниот“ и тој не ја одбил.

Па така сега се очекува само следниот потег на еден од најдобрите и најхаризматични тренери во историјата.

Инаку Евертон во својата историја важи за еден од најтрофејните клубови во ПЛ, но последен пат бил шампион на Англија пред цели четири децении.

Раководството на клубот има намера, напоредно со изградбата на новиот стадион, да се врати и во врвот на фудбалска Англија.

Дали ова со Мурињо ќе успее, секако дека останува да се види.

ПретходноОфицијално: ТФТ се пофали со Мекиќ!
СледноЗахариевски утре на Арената ја дочекува “својата“ Струга ТЛ!