Верона ја прекина серијата од три порази

26
ФОТО: x.com/HellasVeronaFC

Наполи го совлада Комо во воведниот меч од 7.коло на Серија А, а во вториот и Верона запиша победа на домашен терен против Венеција со резултат 2:1 и притоа ја прекина серијата од три порази.
По првото полувреме беше 1:1. Венеција поведе со гол на Ористанио во 3 минута, а изедначи Тенгстед во 9 минута.
Во 81 минута Верона стигна до победата благодарение на автогол на Јоронен.
Верона сега има три победи и девет бода, а Венеција е претпоследна со една победа, едно реми и пет порази.

ПретходноАугзбург ја продолжи добрата традиција во дуелите со Менхенгладбах
СледноKK Куманово во два дена потпиша со четворица странци