Пред неколку дена првиот човек на Панатинаикос, европскиот кошаркарски шампион, Димитрис Јанакопулос изјави дека негова голема желба е да го врати Никола Јокиќ во Европа и најдобриот кошаркар во светот да го облече дресот на Пао.
“По повлекувањето на Мајк Џордан престанав да гледам НБА. Причина е зошто повторно гледам тоа е Никола Јокиќ.Да, кога би можел секако би го довел во мојот тим. Сепак, треба да се биде реален, неговиот последен договор вреди 120 милиони долари“ посочи Јанакопулос.
Не требаше долго за да центарот на Денвер му одговори на газдата на Пао:
“Му благодарам, тоа е одлично. Се трудам да следам Евролига колку што можам, знам дека се шампиони и јас им честитам. Мислам дека токму тој е причина поради што за Евролигата се слуша повеќе, работи одлична работа за тоа Евролигата да биде уште посилна“ посочи Јокиќ.