ЕВРОЛИГА: Црвена Звезда со магичен кам-бек против Ти Џеј Шортс и Париз

47

Кошаркарите на Црвена Звезда славеа победа благодарение на магичен пресврт во вториот дел од мечот со Париз. Резултатот гласеше 80-77 во корист на „црвено-белите“ кои ја запишаа првата победа сезонава во Евролигата.

Натурализираниот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс беше неверојатен во првото полувреме против Звезда со 10 поени и 3 асистенции. Во првиот период се отиде со предност на Париз од еден поен. Во втората четвртина домашните одиграа уште подобро, па предноста изнесуваше 43-35.
Но во третата и четвртата четвртина Звезда се разбуди, имаше добра серија на кошеви, ја стегна одбраната и затоа направи пресврт. Во последните секунди Париз се доближи и до еден поен разлика, но следуваа два поени за Звезда па потоа и тројка за конечна победа.
Шортс на крајот заврши со 16 поени, три скокови и четири асистенции и беше најефикасен кај Париз, додека најефикасен на мечот беше Недовиќ со 21 поен.
Претходно Фенербахче го совлада Олимпијакос, а на третиот меч од вечерашната програма Болоња е поразена од Ефес на свој терен со 76-67.

 

ПретходноKK Куманово во два дена потпиша со четворица странци