Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија.
Па така ждрепката сакаше на Вардар да му се падне Тиквеш, актуелниот освојувач на Купот. На овој меч Вардар е домаќин. Струга ТЛ се среќава со Македонија ЃП во реприза од финалето во 2023, додека ќе следиме дуел меѓу двете Шкендии.
Инаку натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија ќе се играат на 23 октомври со почеток од 14 часот.
ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО
Брера – Беса
Вардар – Тиквеш
Гостивар – Брегалница
Пелистер – Детонит
Шкендија – Шкендија Арачиново
Струга ТЛ – Македонија ЃП
Силекс – Шкупи
Аресими – Воска