Дефанзивецот на Манчестер Ј., Хари Мегваер го поддржа Ерик тен Хаг по ремито со Порто (3:3) во Лигата на Европа.
„Играм за овој клуб веќе шест години, знам како се работи овде. Кога тимот ќе се најде во тежок период, се врши притисок и врз играчите и врз тренерот. Тој е доста искусен и долго време е во овој клуб, па сигурен сум дека знае како да се справи со тоа. Тоа е дел од привилегијата што ја добиваш да играш за овој клуб“, изјави дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.
Манчестер Ј. оваа сезона повторно тргна со просечни резултати, а во медиумите веќе се зборува за смена на холандскиот стратег.