Олмо се враќа во дресот на Барса за мечот со Севиља по репрезентативната пауза

26

Дани Олмо ќе се врати во тимот на Барселона по репрезентативната пауза. 26-годишниот играч од средниот ред е надвор од терените поради повреда на бутот која ја доби на натпреварот против Џирона во 5. коло од Ла Лига.

Според „Марка“, за време на репрезентативната пауза, Олмо ќе се врати на тренинзите со тимот за да биде целосно подготвен за натпреварите против Баерн (23 октомври) и Реал Мадрид (26 октомври).

Клубот очекува тој да влезе како резерва и да одигра неколку минути на натпреварот против Севиља на 20 октомври. Оваа сезона Олмо одигра 3 натпревари за Барселона и постигна 3 гола.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ
СледноОфицијално: ТФТ се пофали со Мекиќ!