Откако беше исфрлен од тимот за мечот со Арсенал, Дембеле не бил ниту на тренинг

474

Откако го пропушти мечот со Арсенал (2:0) во Лигата на шампионите со одлука на тренерот Луис Енрике, Усман Дембеле вчера не бил ниту на тренингот на тимот. Според информација од ПСЖ, Дембеле пристигнал во тренинг центарот во утринските часови, но не бил во можност да тренира затоа што бил болен. На играчот му било дозволено да си оди дома.

Медиумите пишуваа дека настанал конфликт меѓу Дембеле и главниот тренер на ПСЖ, но Енрике ги демантираше овие информации и го објасни исклучувањето на Дембеле од составот за мечот со Арсенал како „неисполнување на обврските кон тимот“.

Дембеле и Енрике разговарале за ситуацијата и се очекува крилниот напаѓач да се врати на тренинзите со тимот во четврток.

ПретходноМегваер во одбрана на Тен Хаг: Тој е искусен, знае да се справи со ова
СледноУ19: Мухамед Елмас на местото на повредениот Силјановски