Точно на 4 октомври во далечната 1937 година својот фудбалски живот го започна еден од најголемите и најтрофејни клубови во Македонија, а тоа е ФК Работнички, кој денеска го прославува својот 87-ми роденден.
Клуб кој е гордост на Дебар Маало, на градот Скопје и секако на Македонија.
Клуб кој е еден од трите наши, македенски клубови, кој има играно во првата лига на екс-СФРЈ, клуб кој од 1998/99 откако игра во елитата, па до денеска, во самостојна Македонија, има освоено четири титули во ПМФЛ и четири пехари во Купот на Македонија. Работнички во својата богата и долга историја, сепак ако ја сметаме само таа во самостојна Македонија, играше во 2006 година во плеј – офот за пласман во ЛШ, а има играно и двапати во плеј – офот во ЛЕ.
Оваа сезона Работнички блеска и потсетува на своите стари убави времиња дека блиску е враќањето во Европа каде што и му е местото.
Среќен роденден – РАБОТНИЧКИ!