Рајковиќ и Џикиќ држеа предавања на македонските тренери! (ФОТО)

89

Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, Здружението на кошаркарски тренери на Македонија го реализираше тренерскиот семинар, кој важи како задолжителен за сите оние кои сакаат да јаа добијат потребната тренерска лиценца со важност за претстојната натпреварувачка сезона.   

А денеска, тренерскиот кадар во нашата земја имаше вистинска можност за дополнителна едукација, односно присутните тренери во салата на СРЦ „Кале“ можеа да ги проследат предавањата на неколку гости во улога на предавачи.

Една доста обимна работна агенда која опфати предавања на познати тренерски имиња како Емил Рајковиќ и Александар Џикиќ, која ја направи раководниот тим на ЗКТМ.

Како вовед на семинарот, со свои искуства се претставија Дејан Чикиќ Словенија, инаку автор на книгата „500 drills from A to Z“, кој презентираше кошаркарски вежби за тренинзи (дефанзивна транзиција, индивидуална одбрана, ротации и помош, затворање и скок во одбрана и транзиција).

Филип Михајловиќ, кондициски тренер од Србија, со работно искуство во Естудијантес, Хапоел, Будуќност, и национални селекции на Грузија, ги запозна нашите тренери со планирање и програмирање на подготвителен период, односно воведен дел на кошаркарски тренинг.

Поранешниот селектор на Македонија, а сега предводник на  репрезентацијата на Грузија, Александар Џикиќ, одржа предавање поврзано со основи на игра во напад, распоред на играчи и движење без топка, како и основи на соработка во играта „два на два“.

Овој и тоа како посетен собир на кој присуствуваа повеќе од сто тренери од целата земја, беше заокружен со предавањето на Емил Рајковиќ. Довчерашниот шеф на струката во московска ЦСКА говореше за основите и принципите на одбрана во „пик-енд-рол“ ситуации.

ПретходноШто се случува во ПСЖ: Луис Енрике удри и по Донарума!
СледноЅвездата на Реал за Јамал: “Тоа што тој го прави е страшно, дури по малку и смешно!“