Репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години во периодот од 9 до 15 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Лукембург за пласман во елитната фаза на квалификации. Селекторот Вујадин Станојковиќ денеска беше приморан да направи една промена во составот, поради повреда.
Како што информираа на ФФМ, на местото на повредениот Андреј Силјановски од екипата на Пелистер, во селекцијата кој аќе патува на турниор во Луксембург ќе се најде фудбалерот на Гостивар, Мухамед Елмас.
Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на домаќинот Луксембург, Словачка и Летонија.