Јасно е дека Ламине Јамал е нова ѕвезда во светскиот фудбал. Иако офанзивецот на Барселона и репрезентацијата на Шпанија има само 17 години, Јамал уште сега важи за еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов.
Токму Јамал беше еден од најзаслужните што “Фуријата” на последното ЕУРО стана европски првак.
Иако се ривали Реал и Барса, сепак ѕвездата на “кралевите“ Антонио Рудигер со рескет говори за Јамал:
“Тоа што Јамал го прави е страшно, дури по малку и смешно. Мора да му се одаде признание. За Барселона игра со 17 години, а само да се потсетиме што праваше на ЕУРО. Се надевам дека ќе биде здрав, пред него е брилјантна иднина“ истакна дефанзивецот на Реал Мадрид.