МKK Куманово во два дена потпиша со четворица странци

1687

Кошаркарскиот клуб Куманово со големи амбициии влегува во новата сезона во најсилната кошаркарска лига. Тимот во последните два дена се засили со четворица странски кошаркари. По вчерашните потписи на Урош Луковиќ и на Александар Радукиќ, на кумановската екипа денеска му се приклучија и Американецот Антабрија Волер и Србинот Тадија Тадиќ.

Тадија Тадиќ (роден 22 април 1999 во Белград,Србија) е српски кошаркар кој игра на позицијата плејмејкер. Со репрезентацијата на Република Србија до 18 години има освено златен медал на Европското првенство во 2017 година.

Валер претходно настапуваше за Игокеа од БиХ. Радукиќ е босански кошаркар кој игра на позиција крилен центар. А Луковиќ во минатото играше за МЗТ Скопје и Партизан, а последен клуб му беше Морнар од Бар.

ПретходноВерона ја прекина серијата од три порази
СледноЕВРОЛИГА: Црвена Звезда со магичен кам-бек против Ти Џеј Шортс и Париз