Аргентинецот само што дојде веќе е несреќен во Атлетико Мадрид!

300

Трансферот на Хулијан Алварез од Манчестер Сити во Атлетико Мадрид беше една од “бомбите“ на трансфер пазарот ова лето. Аргентинецот во потрага по поголема минутажа ја прифати понудата на својот сонародник Диего Симеоне кој веќе 13 години е стратег на “јорганџиите“.

Не тргна најдобро, на 10 меча,во Ла Лига и ЛШ, постигна само два гола Алварез и веднаш почнаа шпекулациите дека е несреќен во новата средина и токму поради тактичките замисли на Симеоне.

Имено како што неофицијално пренесуваат медиумите во Аргентина, тој им кажал на своите најблиски дека е разочаран.

Познато е дека конкуренцијата во Атлетико Мадрид во нападот е голема, и тешко дека Алварез ќе ја добие посакуваната минутажа како централен напаѓач.

ПретходноНетПрес: Дали претседателот на Управен суд и претседателот на ФФМ зеле 100.000 евра мито и го оштетиле државниот буџет за 500.000 евра?
СледноВо ПЛ по Халанд е најдобар стрелец, ама за Англија ќе игра лев бек?!