Ракометарите на Вардар 1961 го срушија отпорот на Пролет 62 и славеа со 28-25 во меч од шестото коло во македонската Суперлига. Гостинскиот тим добро се држеше, по првите 30 минути не му даде на фаворизираниот противник да се одлепи и на пауза отиде со еден гол негатива (16-15).
По 20 минути од вториот дел иста слика, тесен резулта, за во финишот вардарци да запнат и да се одлепат и на крајот да ги впишат бодовите.
Најефикасен кај Вардар беа Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ со по седум гола. Вардар ја запиша петтата победа по ред, а Пролет остана на само еден триумф.