Во ПЛ по Халанд е најдобар стрелец, ама за Англија ќе игра лев бек?!

121

Познато е дека по оставката на Герет Саутгејт, по завршувањето на ЕУРО, на негово место на селекторската фотеља седна како В.Д. Ли Карсли. Имаше добар старт во септемврискиот циклус во Лигата на Нации, но дали следниот податок што ќе го прочитате ќе ви биде доволен да сфатите зошто Англија цели 58 години нема освоено титула на ЕП или СП.

Имено познато е дека Англичаните кубурат со класа играч на левата бековска позиција. На тое место досега играше Трипие, но сега него го нема а на списпкот на Ли Карсли нема класичен лев бек.

Па така на прашањето кој ќе игра на тоа место, селекторот изјавил дека веројатно тоа ќе биде Кол Палмер.

Да, да… не е грешка!

Како лев бек тој планира да го игра најдобриот стрелец, по Халанд, во Премиер-лигата и веројатно во моментов најдобриот англиски фудбалер кој прави чуда со Челзи и е во фантастична форма. Не е за претерување, но Палмер во моментов е еден и од најдобрите светски фудбалери, а за Англија ќе играл како лев бек.

Ете затоа Англија нема трофеј на ЕП или СП цели 58 години. Нема ни да има ако еден Палмер игра како лев бек.

ПретходноАргентинецот само што дојде веќе е несреќен во Атлетико Мадрид!
СледноГризна противнички играч за врат и доби висока казна