Казната на Погба од четири години намалена на 18 месеци!

138

По успешна жалба до Арбитражниот спортски суд (ЦАС), суспензијата на играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба е намалена од четири години на 18 месеци, пренесува „Скај Спортс“.
Во септември 2023 година, сега веќе 31-годишниот Погба беше суспендиран откако падна на допинг тест по меч со Удинезе во Серија А. На крајот на февруари 2024 година му беше изречена забрана за фудбал во наредните четири години.
Погба и неговиот адвокатски тим испратија жалба во април, а во септември дури се појави информација дека Јувентус размислува да го прекине договорот со играчот од средниот ред.
Засега тој е играч на Јувентус, а по новата пресуда тој би се вратил на тренинзи во јануари, а на терен би можел околу март идната година.

ПретходноНаполи со нова победа и од врвот оди на нова пауза (видео)
СледноНБА спектаклот во Абу Дабу му припадна на Бостон