Кошаркарите на Бостон и на Денвер одиграа подготвителен натпревар во Абу Даби, а актуелниот шмпион на НБА лигата, Бостон дојдоа до победа од 107:103.
Никола Јокиќ и соиграчите добро одиграа во првата четвртина па отидоа на мини пауза со седум поени разлика. Во втората четвртина двете екипи погодуваа од секоја позиција, па тој втор период е завршен со нерешен резултат.
Почетокот на третиот период им припадна на кошаркарите на Денвер кои во еден момент имаа и +13 поени, меѓутоа во последните четири до пет минути Бостон намали на само поен разлика.
Во четвртиот период Бостон доминираше, а на теренот ги немаше стартерите ни големите ѕвезди, па оние од клупата ја направија разликата.
Најефикасен кај Денвер беше Јокиќ со 14 поени за 16 минути на теренот, а неговиот соиграч Портер постигна 12 поени.
Кај Бостон се истакна Причард со 21 поен, а Тејтум постигна 12.