Официјално: ТФТ се пофали со Мекиќ!

58

Сега е веќе официјално. Адем Мекиќ и дефинитивно е ново и големо засилување во редовите на ТФТ. Нов играч на ТФТ е македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ кој со ова го официјализира враќањето во домашната кошарка по безмалку две години поминати во странство, прво во романскиот прволигаш Темишвар, а потоа и во Задар со кого освои две титули во хрватското првенство. Искусниот кошаркар се согласи на отворен договор со ТФТ што значи дека ќе биде слободен да си замине ако до него стигне вистинска понуда, пред се од странство. Додека се случи тоа, Мекиќ одлучи да помогне во амбициозниот проект на ТФТ и покрај тоа што за него имаше интерес од неколку домашни клубови, како и од регионот.

ПретходноОлмо се враќа во дресот на Барса за мечот со Севиља по репрезентативната пауза
СледноСензационално: “Специјалниот“ се враќа во Премиер-лигата?!