Тошковски за ТВ21 за нападот на Сејдини: Не е таа теза која сака да се прикаже во јавноста

784

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како гостин во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 одби да го коментира случајот за физички напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини.
Во однос на овој случај, не би да откривам детали, и се плашам дека не е таа теза која сака да се прикаже во јавноста, туку е сосема поинаку. Не би сакал да говорам во овој момент во интерес на истрагата. Времето ќе покаже зошто сум воздржан за давање на овие изјави од страна на Сејдини“, рече Тошковски.

ПретходноВардар во финишот го скрши Пролет
СледноНаполи со нова победа и од врвот оди на нова пауза (видео)