Чурлинов скромен: Не сум херој, целиот тим ја заслужи победата

339

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, синоќа и донесе голема победа на полска Јагиелонија на гостувањето кај Копенхаген во Данска во мечот од 1. коло во Конференциската лига. По средбата тој доби многу честитки од своите соиграчи и од навивачите на тимот.

„Бјалисток нема да спие вечерва? Не знам дали и ние ќе успееме! Но, за три дена имаме многу важен натпревар, па мораме некако. Не сум херој, целиот тим го заслужи тоа. Тренерот ни даде правилни инструкции на паузата, но имавме искуство и од натпреварите против Бодо и Ајакс. Го издржавме притисокот. Покажавме дека можеме да ги победиме најдобрите во ова натпреварување и заслужуваме да бидеме тука. За нас нема граници“, храбро изјави македонскиот репрезентативец.

ПретходноЕве што Јокиќ му одговори на газдата на Панатинаикос!
СледноМегваер во одбрана на Тен Хаг: Тој е искусен, знае да се справи со ова