Македонскиот интернационалец Лука Станковски беше стрелец на голот за Раднички Крагујевац во ремито 1:1 против Чукарички во шампионатот на Србија. Екс-фудбалерот на Работнички ја погоди мрежата на противникот во 9 минута за водство на својот тим.
Инаку тоа е негов прв гол по трансферот во Раднички, а на овој меч играше до 66 минута.