Кавани продолжи со Бока до 2026 година!

74

Уругвајската напаѓачка ѕвезда Единсон Кавани останува во Бока Јуниорс откако одлучи да го продолжи договорот со овој клуб до декември 2026 година. Претходниот договор на „Матадорот“ му истекуваше во 2024 година но тој го продолжи на уште две со што стави до знаење каде ќе се пензионира.
Инаку 37-годишниот Кавани и се приклучи на Бока во јули 2023 година.
Кавани во кариерата играше за Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Валенсија.

ПретходноГезтепе не го заборава голгетерот: Дрес и плакета за Адис Јаховиќ (ФОТО)
СледноСудот во Лозана ја укина суспензијата на Нуњез