Клубот каде што играше и Пандев е на продажба!

249

Џенова е на продажба. Оваа вест ја потврди и Извршниот директор на Џенова, Андреас Блазкес. Клубот од Серија А во моментов е под раководство на инвеститори од САД под името 777 Партнерс, и тие сакаат да го продададат откако влего во него во 2021 година.

Инаку познато е дека Џенова е клубот каде што добар дел од кариерата ја мина и нашиот Горан Пандев.

Џенова е основана во 1893 година и важи за најстар клуб во Италија. Девет пати беше шампион на својата земја, но последната титула ја освои точно пред 100 години.

Во моментов Џенова игра во Серија А под водство на стратегот Алберто Џилардино и се наоѓа на 17.место на табелата.

ПретходноПЛ го одби барањето на Сити за одложување на два меча! Гвардиола: Многу ви БЛАГОДАРАМ!
СледноЈувентус го раскинува договорот со Погба!