Ливерпул со три бода од „Селхурст парк“, повреда на Алисон

84

Екипата на Ливерпул го сочува првото место на табелата во Премиер лигата и по 7 коло (четири бода предност во однос на второпласираниот Сити) по победата на гостувањето кај Кристал Палас со 1:0.
Единствениот гол го постигна Диого Жота во 9 минута на асистенција на Коди Гакпо од десната страна.
Сепак, за Ливерпул проблем беше и повредата на голманот Алисон кој во 80 минута мораше да го напушти теренот, па во игра влезе Витеслав Јарош.
Ливерпул има шест победи и едно реми. Палас е на 18 место и се уште е без победа (три ремија и четири порази).

ПретходноТФТ ја отвори сезоната со победа над МКК Куманово (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСупер контра напад на Беса, „турбо“ Скендери реализира (видео)