Навивачите на Сити спремиле кореографија од 1200 евра, Гвардиoла рече дека ќе ја плати

197

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардола е воодушевен од идејата на најжестоките навивачи на екипата кои спремиле кореографиja коja ќе бидe видливa во сабота на домашниот меч со Фулам во Премиер лигата.
Навивачката група со име „Група 1894“ платила околу 1200 евра за да спреми голем транспарент за мечот со Фулам, а се работи за кореографија со која тие јавно ќе го замолат Пеп Гвардила да остане во клубот.
Договорот на Пеп со Сити истекува наредното лето и се чини дека тука ќе биде крајот на неговиот престој на „Етихад“, но навивачите бараат од него да остане уште.
Гвардиола дознал за намерата на навивачите па на прес-конференцијата најави дека ќе ги плати сите трошоци за кореографијата.
Ќе видам дали ќе останам. Мора да ми донесат сметка, јас тие транспаренти морам да ги платам. Што да ви кажам? Се заљубив уште првиот ден кога дојдов овде, па ќе видиме што ќе биде. Многу ви благодарам“, изјави шпанскиот тренер.

ПретходноЕВРОЛИГА: Црвена Звезда со магичен кам-бек против Ти Џеј Шортс и Париз
СледноЈокиќ и Дончиќ барале НБА да дојде во Србија или Словенија! Ама тоа тешко да се оствари…