Попладнево се одиграа сите шест натпревари од 9.коло во нашата елитна лига.
На Арената во Скопје, Струга ТЛ како гостин успеа со 1:4 да го победи Вардар. Шампионот беше подобар, посебно во второто полувреме, па со двата гола на Компаоре, а по еден на Камбери и Кехинде заслужено победи. Голот за 1:1 за Вардар беше дело на Босанчиќ, кој како што е познато е некогашен фудбалер на Струга ТЛ. Со овие три бода шампионот и дефинитивно фати приклучок со екипите од самиот врв на табелата.
Работнички со головите на Регба и Мазари ја победи Воска и сега е лидер на табелата по 9.коло со 19 бодови. Секоја чест за тимот од Дебар Маало.
За тоа да се случи “виновни“ се Гостивар која дома одигра само 1:1 со Беса, но Шкендија која во Кратово на гости кај Силекс одигра само 0:0. Шкендија на оваа средба заработи два црвени картони.
Во Битола ништо ново кога игра Тиквеш, повторно кавадарчани не погодија, ама затоа кај Пелистер не ни загубија што и не е така лошо.
Шкупи со 3:1 ја “реши“ Брера, ова беше победа на својот деби настап на новиот тренер Алпарсан Ердем. Едмундсон, Канда и Ајетовиќ беа стрелци на головите за победникот, Ивковиќ стрелаше за гостинскиот состав.
РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО
ГОСТИВАР – БЕСА 1:1
(Ивановски 61./Скендери 85.)
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:0
ШКУПИ – БРЕРА 3:1
(Едмундсон 7., Канда 22.,, Ајетовиќ 73../Ивковиќ 43.)
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0:0
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1:4
(Босанчиќ 27./Камбери 3., Компаоре 41., 66., Кехинде 73.)
ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 0:2
(/Регба 40., Мазари 75.)