Полувреме: Шампионот со водство на Арената, водат и Работнички и Шкупи! (ВИДЕО)

81

Во моментов се играат сите шест средби од 9.коло во ПМФЛ. По првите 45.минути на Арената во Скопје, на мечот меѓу Вардар и Струга ТЛ резултатот е 1:2. Камбери уште во 3.минута донесе водство на гостинот, Вардар заигра подобро, имаше и шанси а израмни Босанчиќ, некогашен играч на Струга ТЛ, во таа 27.минута. Компаоре во 41.минута стрелаше за 1:2.

На Чаир домашниот Шкупи води против Брера со 2:1. Едмундсон и Канда стрелаа за чаирчани, додека Ивковиќ го намали резултатот.

Работнички во Охрид со голот на Регба има водство од 0:1 кај Воска.

Без голови се на останатите средби Силекс – Шкендија, Гостивар – Беса и Пелистер – Тиквеш.

ПретходноЗа Пешиќ нема дилеми: Нов претседател значи и нов селектор!
СледноЃоковиќ по пет години се врати во Шангај и победи по два тај-брејка