Ѓоковиќ по пет години се врати во Шангај и победи по два тај-брејка

111

Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на Мастерсот во Шангај, бидејќи на стартот на турнирот го совлада Алекс Микелсен од САД со 2:0 (7:6, 7:6). Мечот траеше 1 час и 55 минути.
Тоа е прв меч за српскиот тенисер на турнирот во Шангај по 2019 година кога беше запрен во четвртфиналето од Стефанос Циципас.
Инаку ова беше и прв дуел меѓу Новак и Микелсен на АТП турот. Американецот пружи силен отпор на поискусниот противник, пред се во првиот сет. Прво спаси две брејк-топки во воведниот гем, а веќе во следниот да ја искористи првата и да поведе со 2:0. Микелсен имаше проблеми на својот сервис, но некако успеваше да го одбрани се до 4:1. Конечно, во седмиот гем Новак успеа да му земе сервис и да ја анулира неговата предност.
До тај-брејкот двајцата беа сигурни на сервисот, а во последниот гем од првиот сет Ѓоковиќ, сепак, ја покажа силата.
Вториот сет се чинеше дека ќе биде лесен за Новак бидејќи поведе со 4:1, меѓутоа противникот се врати успеа да стигне до 4:4. Нерешено остана се до следниот тај-брејк. И овој Новак успеа да го добие и да го претвори во триумф.
Во наредното коло Новак ќе игра со подобриот од Фабио Коболи од Италија и Стен Вавринка од Швајцарија.

ПретходноПолувреме: Шампионот со водство на Арената, водат и Работнички и Шкупи! (ВИДЕО)
СледноТФТ ја отвори сезоната со победа над МКК Куманово (ФОТОГАЛЕРИЈА)