Алкараз и Синер без проблеми на стартот во Шангај!

18

Очекувано, лесно и убедливо. Така беше на двата меча на стартот од Мастерсот во Шангај за Карлос Алкараз и Јаник Синер, кои без проблеми се пласираа во следното коло на овој силен турнир во Кина.

Прво Шпанецот со 2:0 (6:2 и 6:2) во сетови успеа да го победи домашниот тенисер Јунченг Шанг, за да потоа и најдобриот во светот според АТП листат успеа исто така со 2:0 (6:1 и 6:4) во сетови против Таро Даниел од Јапонија. Синер рутински го доби овој меч.

Сега се чека настапот на Новак Ѓоковиќ кој за ривал го има Алекс Микелсен од САД. Овој меч се очекува да започне околу 12:30 часот.

Изненадување е поразот на Рубљев од Меншик со 1:2 во сетови.

ПретходноПМФЛ: Вардар на мегдан со шампионот, лидерот гостува во Кратово, Ердем ќе дебитира против Брера
СледноКлупа која никој не ја посакува: Инзаги го откачил Манчестер Јунајтед!