Горан Станиќ: Убаво е да си лидер на табелата!

120

Сега веќе и дефинитивно Работнички покажува сила. Ја реши попладнево и Воска на нејзин терен, па сега е новиот лидер на табелата во ПМФЛ. Со 19 бодови тимот на Горан Станиќ е прв пред Шкендија (18) и Гостивар (17 бодови).

Јасно е дека задоволството е големо во таборот на “романтичарите“ а тренерот Горан Станиќ за “СпортСпорт“ изјави.

Тежок меч, победивме квалитетен тим и тоа на негов терен. Она што се договоривме пред мечот нашите играчи во целост го исполнија на терен и затоа победата е уште послатка. Мислам дека заслужено победивме и освоивме големи три бода. Да, јасно е дека убаво е да си лидер, но не летаме во облаци, има уште многу да се игра, и натаму ќе одиме од натпревар во натпревар“ заврши Станиќ.

ПретходноДеби гол на Лука Станковски за Раднички Крагујевац (видео)
СледноВМФЛ: Арсими лесно го “реши“ Вардарски!