ЕХФ Куп: Ракометарките на Металург поразени во Турција

66

Ракометарките на Металург беа убедливо поразени на првиот меч од 1. коло во ЕХФ Купот на гостувањето во Турција против екипата на Гереле. Турчинките славеа со 36:28 и практично со една нога веќе си го обезбедија пласманот во втората рунда.

Марија Јанкуловска со 9 гола беше најефикасна во составот на Металург, каде Сара Миновска постигна 5 гола.

И реванш мечот ќе се одигра на теренот на Гереле веќе в понеделник.

ПретходноПремиер лига: Сити се намачи но го совлада Фулам, славеше и Арсенал
СледноОдбојкарската сезона почнува на 19 октомври: Шампионско дерби на стартот!