ЕХФ Куп: Чаир со победа се враќа од Луксембург

123

Ракометарките на Чаир со победа од 26:24 се враќаат од гостувањето во Луксембург кај екиопата на Каерженг во рамките на 1. коло од ЕХФ Купот. Победата на чаирчанки им ги отвора портите кон 2. коло од ова европско натпреварување, затоа што реваншот следната недела ќе го одиграат на домашен терен.

Каерженг подобро го почна мечот и имаше стартна предност од 5:1, по што Чаир успеа да се консолидира и во послендите две минути од првиот дел да влезе со негатива од два гола (12:10). Разликата домашните ја оддржаа до одморот (13:11), но во вториот дел видовме многу подобра игра од нашиот состав. Со серија од 4:0 Чаир успеа да поведе на самиот почеток на второто полувреме со 13:15 и тоа јасно покажа кои се амбициите на чаирчанки.

Во финишот видовме израмнета борба, но со головите на Гулицовска и Ѓорѓиевска, Чаир успеа да направи плус 2 (24:26) и со вредна победа да се врати во Скопје.

Теодора Дуковска постигна 10 гола за нашиот претставник, а 6 имаше Стефанија Ѓорѓиевска.

ПретходноЕ. Пелистер убедлив на гостувањето во Куманово
СледноОхрид продолжи со убедливите победи, настрада и Бисинов