Четири натпревари се одиграа во попладневниот саботен термин во Бундес лигата, во рамките на 6.коло. Шампионот Баер Леверкузен имаше победа во раце против Кил, но ја испушти. По само осум минути поведе со 2:0 со головите на Виктор Бонифасе и Јонас Хофман, во 26 минута им беше поништен гол поради офсајд.
Сепак, нивната офанзивна игра не се исплатеше затоа што Кил успеа да изедначи и да освои драгоцен бод. Макс Гешвил во петтата минута од судиското продолжение на првиот дел намали, а во 69 минута Фиете Арп од пенал донесе 2:2. На Баер во финишот не му успеа рецептот од минатата сезона кога ги добиваше дуелите во судиското продолжение, па освои само бод.
Борусија Дортмунд киксна на гостувањето кај Унион Берлин. Домашните водеа со 2:0 во првото полувреме со голови на Кевин Вогт и Јорбе Вертесен. Во 62 минута намали Јулијан Рајерсон и тоа беше се што направија „милионерите“ на овој меч.
Фрајбург ја запиша четвртата победа сезонава, а попладнево славеше на гости кај Вердер со 1:0. Волфсбург славеше кај Бохум со 3:1.
Од 18:30 играат Ст.Паули и Мајнц.