МЗТ Скопје со 36 разлика го совлада Шкупи

98

Екипата на МЗТ Скопје успешно ја стартуваше сезоната во Првата македонска кошаркарска лига со победа над Шкупи во СРЦ „Кале“ во Скопје со 36 поени разлика. Шкупи покажа сила во првата четвртина која МЗТ ја доби со 20-18, но затоа во втората „штрковите“ доминираа и ја добија со 22-9.
Натаму беше лесно за фаворитот. Ја зголемуваше предноста, а на крајот резултатот гласеше 95-59.
Најефикасни кај МЗТ беа Андреј Андоноски со 21 поен, 6 скокови и 1 асистенција, а Маслинко постигна 17 поени и имаше 4 скокови, Милош Копривица 14 поени… Кај Шкупи се истакна Закор Арчи со 18 поени и 4 скокови, а Виктор Златевски 12 поени…

ПретходноКиксови на фаворитите: Баер испушти предност од 2:0, Дортмунд поразен во Берлин
СледноПремиер лига: Сити се намачи но го совлада Фулам, славеше и Арсенал