Младите борачи освоија 8 медали на првиот ден на БП во Скопје

85

Македонската репрезентација во борење освои осум медали на првиот ден на Балканското првенство кое се одржува во Скопје.

Во категорија до 17 години, Македонија се закити со едно злато, пет сребрени и два бронзени медали. Единственото злато на првиот ден од натпреварите го освои нашата Фросина Атанасова во женска конкуренција во категорија до 40 килограми.

Сребрени беа Нина Славевска (-73 кг.), Марика Вељановска (-40 кг.), Емир Речица (-45 кг.), Трим Исмаили (-65 кг.) и Омер Мемеди (-92 кг.), додека бронзени беа мелани митевска (-61 кг.) и Мохамед Вејсели (-65 кг.).

По бројот на освоени медали и во машка и во женска конкуренција Македонија по првиот ден е третопласирана.

ПретходноОдбојкарската сезона почнува на 19 октомври: Шампионско дерби на стартот!
СледноЕ. Пелистер убедлив на гостувањето во Куманово