Охрид продолжи со убедливите победи, настрада и Бисинов

31

Ракометарите на Охрид остварија уште една убедлива победа во Суперлигата. Вечерва во 6. Коло на домашен терен охриѓани беа подобри од новајлијата Бисинов со 35:18 и со тоа потврдуваат дека се дел од четворката која рамноправно ќе се бори за врвот на табелата.

Фуриозното прво полувреме кое Охрид го доби со 20:8, само го најави комплетниот успех, кој беше запечатен со рутинска игра во вториот дел. Костов постигна 7 гола за домашните и беше најефикасен на теренот.

ПретходноЕХФ Куп: Чаир со победа се враќа од Луксембург
СледноПикфорд го спаси Евертон, Њукасл не искористи пенал