Работнички се помачи за старт со победа во новата кошаркарска сезона (ФОТО)

72

По голема борба и една ужасна четвртина, кошаркарите на Работнички, сепак, успеаја да ја остварат првата сезонска победа во домашното првенство. Во меч од првото коло, Работнички славеше над Феникс 2010 со 90:85 во натпревар со едно многу чудно прво полувреме.

Имено, Работнички тргна одлично и во првите 10 минути направи разлика од 14 поени (33:19). Овој резултат најави дека Работнички влегува можно во мечот, но потоа се случи сосема спротивното. Во вторите 10 минути тимот на Самарџиев како да стоеше на теренот, а Феникс 2010 успеваше да го полни домашниот кош и да направи +27 кои на полувреме им донесе предност од 41:54.

По паузата, Работнички повторно наликуваше на оној тим од стартот на мечот. Третиот период го доби со 25:14, а стабилната игра ја продолжи и во последниот период. Во финишот Феникс 2010 се обидуваше да дојде во егал, но предноста од 4 до 6 поени Работнички умешно ја одржуваше до самиот крај.

Стојан Ѓуровски беше најефикасен кај домашните со 28 поени, а добра партија имаа и Робев и Полутак кои завршија со по 15 поени. Кај Феникс 2010 најефикасен беше Грант со 37 поени.

 

ПретходноПикфорд го спаси Евертон, Њукасл не искористи пенал
СледноГезтепе не го заборава голгетерот: Дрес и плакета за Адис Јаховиќ (ФОТО)