Турам со хет-трик за тесна победа на Интер

33

Италијанскиот шампион Интер вечерва славеше против Торино со 3:2 во меч од седмото коло на италијанската Серија А.

Гостите уште во 20 минута останаа со играч помалку по црвениот картон на Марипан, а пет минути подоцна Турам погоди за водство на домашните од 1:0.  Единаесет минути подоцна од идентична акција, Бастони повторно упати одличен центаршут, Турам повторно биеше со глава, само овојпат во другиот агол од голот на Вања Милинковиќ-Савиќ за 2:0 .

Гостите штом тргнаа од центарот успеаја да намалат на 2:1, со голот на Дуван Запата.

Но, соништата на Торино ги сруши Турам со својот трет гол на натпреварот во 60 минута. Торино донесе неизвесност, откако Чалханоглу беше многу невнимателен и направи прекршок во шеснаесетникот, а Влашиќ од белата точка погоди за 3:2.

ПретходноСудот во Лозана ја укина суспензијата на Нуњез
СледноВалверде и Вини го вратија Реал на победнички патеки