Урнебесно: Фудбал или ватерполо? (ВИДЕО)

90

Во меч од Втората лига во Хрватска на мечот меѓу Дугопоље и Цибалија, можеше да се видат навистина смешни и урнебесни сцени. Имено теренот беше поплавен, немаше никакви услови за игра, но сепак се играше и на крајот резултатот гласеше 1:1.

Во еден момент домашниот фудбалер Марко Тешија падна врз вирот вода и за малку ќе се “удавеше“ или поточно кажано предвреме се истушира.

Сепак без разлика на се, мора да им се честита на сите играчи кои настапија на овој натпревар на кои имаа катастрофални услови за игра.

Кога ќе го погледнете видеото ќе се запрашате дали овде се играше фудбал или ватерполо?

Погледнете…

ПретходноКлупа која никој не ја посакува: Инзаги го откачил Манчестер Јунајтед!
СледноПЛ го одби барањето на Сити за одложување на два меча! Гвардиола: Многу ви БЛАГОДАРАМ!