Денеска се одигра и еден меч од 7.коло во Втората лига во Македонија. На Градскиот стадион во Гостивар, домашниот состав на Арсими со 3:0 славеше убедлива победа на Вардарски. Стрелци на головите беа Шефит Шефити во 5. и 20.минута, за да во 64.минута Шпенд Асани ги постави конечните 3:0 за Арсими. Интересно и двајцата некогаш беа голема надеж на Шкендија.
Со овие три бода тимот на Арсими сега има 15 бода и моментално, со натпревар повеќе, е прв на табелата.
Сите останати мечеви од 7.коло се играат утре од 14 часот.