Гезтепе не го заборава голгетерот: Дрес и плакета за Адис Јаховиќ (ФОТО)

237

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ беше и остана една од легендите на турскиот суперлигаш Гезтепе. Тој денеска се појави на стадионот на овој турски клуб во чии редови помина три сезони во два наврати (2016-2018, па потоа и 2021-2022) и на 102 одиграни натпревари постигна импресивни 46 гола за овој тим.

Пред мечот, спортскиот директор на Гезтепе, Иван Манце на Адис му подари плакета и врамен дрес.

„Нашиот спортски директор Иван Манче му подари плакета и дрес нашиот Адис Јаховиќ, едно од најголемите имиња на нашиот клуб, кој реши да стави крај на својата професионална фудбалска кариера. Би сакале да му се заблагодариме за неговата посветеност и придонесите на теренот со дресот на Гезтепе“, објавија од клубот.

Јаховиќ откако заврши со професионалната кариера, реши да игра во еден од нисколигашите од Измир, екипата на Нарлидере Беледије.

ПретходноРаботнички се помачи за старт со победа во новата кошаркарска сезона (ФОТО)
СледноКавани продолжи со Бока до 2026 година!