По овојувањето на бронзата на ЛОИ во Париз, ретко кој очекуваше дека Светислав Кари Пешиќ ќе си замине од местото селектор на кошаркарската селекција на Србија. Искусниот стратег едноставно не сакаше да го продолжи договорот.
Пред неколку дена се шпекулираше дека Пешиќ ќе ја промени одлуката и дека ќе ја води Србија и во иднина.
Сепак од утринава нема веќе дилеми, истите и дефинитивно самиот Пешиќ ги разреши во изјава за медиумите во Србија.
Ова доаѓа откако пред неколку дена на местото претседател на КСС е назначен Небојша Човиќ:
“Веќе му реков на Човиќ. Нов претседател значи и нов селектор, нови потпретседатели. Се треба да биде ново и тоа да биде почеток на нов олимписки циклус. Тука сум ако треба нешто да помогнам, но има некои други планови во животот, немам 57 години туку 75“ рече покрај другото некогашниот селектор на Србија.