Денеска од 14 часот на Националната Арена “Тодор Проески“, во меч од 9.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ му гостува на Вардар. Секако дека ќе се биде тоа меч голем предизвик за двете екипи. Шампионот не стартуваше најдобро, по осум кола заостанува бодовно, па затоа секој бод е значаен за тимот од Струга.
Во пресрет на денешнит меч свој коментар има дефанзивецот на Струга ТЛ, Бесарт Кривањева кој денеска ќе го одигра 200-тиот меч во ПМФЛ во својата кариера.
“Важен натпревар за нас како тим, би рекол тежок натпревар, бидејќи сакаме со победа да одиме на втората репрезентативна пауза. Натпреварите против Вардар се секогаш посебни, особено за мене како фудбалер кој доаѓа од Скопје. Овој тим го гледам како ривал на зелениот терен, каде ветувам дека ќе го дадам максимумот, иако имав некои проблеми пред мечот со Гостивар“ истакна еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ кој денеска ќе го одигра својот 17-ти меч во кариерата против Вардар. Тука се сметаат и мечевите на Кривањева и за другите клубови на кои настапувал.