Денеска од 14 часот на програмата се сите шест средби од 9.коло во ПМФЛ. Со оглед на силните врнежи од дожд јасно е дека терените на нашите стадиони ќе бидат лоши за играње, но тоа е нашата македонска фудбалска стварност. Тоа е тоа.
Вардар на Арената во Скопје го дочекува шампионот, секако за момците на стратегот Срѓан Захариевски ова ќе биде тежок меч, но вардарци секако дека ќе се обидат да дојдат до бодови. Ќе се даде максимумот за да се избори добар резултат против Струга ТЛ која си има свои сметки.
Супер интересни ќе биде во Кратово каде Силекс ја дочекува Шкендија. Ако сакаат тетовци и натаму да биде лидери овој меч мора да го добијат.
Гостивар на “Борис Трајковски“ го пречекува составот на Беса, додека Работнички гостува во Охрид кај Воска со амбиции да се освојат сите три бода.
Алпарсан Ердем, новиот тренер на Шкупи денеска на Чаир ќе го има своето деби и тоа против Брера. Жестоко ќе биде во Битола каде се среќаваат Пелистер и Тиквеш.
ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
Битола: Пелистер – Тиквеш
Скопје: Шкупи – Брера
Охрид: Воска – Работнички
Скопје: Гостивар – Беса
Скопје: Вардар – Струга ТЛ
Кратово: Силекс – Шкендија
ТАБЕЛА
Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга ТЛ 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 6, Воска 5.