Премиер лига: Сити се намачи но го совлада Фулам, славеше и Арсенал

89
Фото: x.com/ManCity

Манчестер Сити и Арсенал без проблеми во дуелите со Фулам односно Саутемптон во 7 коло на Премиер лигата. Бранителот на титулата се помачи на домашен терен против Фулам и го совлада со 3:2. Лондонскиот тим поведе, тоа беше прекрасна асистенција на Раул Хименез по која Переира го совлада Едерсон во 26 минута.


Изедначи Сити со гол на Матео Ковачиќ во 32 минута. Истиот играч во 47 минута постигна прекрасен гол за предност на „граѓаните“. Во 82 минута Џереми Доку зголеми на 3:1, а конечниот резултат го постави Родриго Муниз во 89 минута.

Арсенал немаше проблеми против Саутемптон. Во првото полувреме немаше голови, а Саутемптон поведе со погодок на Арчер во 55 минута. Тоа како да ги налути „топчиите“ кои се „распукаа“ со три гола. Изедначи Хаверц во 59 минута, погоди и Мартинели во 68 минута и Сака во 88 минута.
Арсенал и Сити стигнаа до петта победа сезонава.

На другите мечеви: Кристал Палас – Ливерпул 0:1, Брентфорд – Вулверхемптон 5:3, Лестер – Борнмут 1:0, Вест Хем – Ипсвич 4:1.

Standings provided by Sofascore
ПретходноМЗТ Скопје со 36 разлика го совлада Шкупи
СледноЕХФ Куп: Ракометарките на Металург поразени во Турција